+38970 699 743 +38978 248 503 sumnalb@yahoo.com

Ран Детски Развој

Donate Now

Период: 01.02.2016-31.08.2016

Програмата Ран детски развој е наменета за деца од 2-6 години и нивните мајки, која опфаќа секојдневни активности кои имаат едукативна содржина пропратена со игри, боење, цртање, драмтизација, учење песнички и сл. Се работи на развивање на моториката, когнитивниот развој на децата од одредена возраст, општи знаења и социјален развој. програмата се базира на Стандардите за рано учење и развој подготвени од УНИЦЕФ и МТСП. Работен јазик е македонски јазик, затоа што мајчин јазик на децата е ромски јазик и истиот се употребува во семејствата, а кога ќе почнат во училиште треба да го користат и познаваат македонскиот јазик и неговото кирилско писмо.

Активностите кои што се изведуваат се однапред испланирани и подготвени според стандардите за Рано учење и развој преку најразлични игри од едукативен карактер. Истите се реализриаат од однапред поготвена Годишна програма со месечни, дневни и неделни подготовки. За реализираните активности се води дневник на активности, досие на секоие дете и портфолио за секој од децата.

14364639_1179531285402905_1899527077761304406_nНа тој начин, децата се подготвуваат за запишување во основните училишта. Во оваа програма задолжително е  и присуството на мајките, кои, покрај едукаторите се клучен фактор за позитивен развој на нивните деца. Тие ги набљудуваат активностите и истите ги повторуваат дома со своите деца за да може полесно да ги совладаат и заедно да учат. Степенот на образование на мајките е  со низок и на овој начин и тие учат со своите деца и се мотивирани да ги посетуваат секојдневните активности што ги нуди оваа програма.

Во рамките на оваа програма едукаторите  реализираат  и  активностите поврзани со родителите за подобар пристап кон своите деца одржувааат најразлични работилници според потребите и заинтересираноста на самите родители.  Овие работилници со родителите се одржуваат 4 пати во месецот,односно секоја недела по една тема.

Воедно се одржуваат и едукативни работилници за мајките од страна на експерти во следните области:култура, вработување, образование,здравство, социјaлна заштита и сл.

Финансиран е проектот од УНИЦЕФ, а имплементиран од Здружение за развој на ромската заедница Сумнал, партнер организации во проектот е Министерството за труд и социјална политика.