Туторска поддршка на ученици Роми во основното образование во Р.М.

Donate Now
Здружението за поддршка на маргинализирани групи Ромски Ресурсен Центар – Скопје и Асоцијација за Демократски Развој на Ромите Сонце – Тетово во конзорциум составен од седум Ромски невладини организации во Р.Македонија го имплементираат проектот „Туторска поддршка на ученици Роми во основното образование во Р.Македонија“. Проектот финансиски целосно е поддржан од Ромскиот Образовен Фонд –Будимпешта. Министертвото за Образование и Наука на Р.Македонија исто така го поддржува проектот со вклучување на 20 локални медијатори во 16 општини во Р. Македонија.
Главна цел на проектот е да се придонесе кон зголемување на проодноста и образовните резултати кај учениците Роми кои учат во четврто, петто и шестто одделение во основното образование во Р.Македонија. Исто така, Здружението за развој на ромската заедница ,,СУМНАЛ”започна со проектот поддршка на ученици Роми во основното образование во Р.Македонијa.