Бесплатни превентивни прегледи

Во просториите на „Сумнал“ – Скопје се спроведоа бесплатни превентивни прегледи кои вклучуваа: анамнеза, физикален преглед, мерење на шеќер во крв, аускултација на срце и бели дробови, мерење на крвен притисок и сатурација на кислород од страна на лиценциран лекар.
Исто така пацинетите добија и совети во врска со нивната здравствена состојба и ако било потребно упатување во релевантна здравствена установа.
Активноста беше спроведена како соработка помеѓу  Здружението за развој на ромската заедница „ Сумнал“ и Здружението на лекари специјализанти – ЗЛС во рамките на проектот „И ти си важен!“ кој е финансиран од Цивика Мобилитас, како и активностите кои се дел од проектот „Зајакнување на отпорноста на старите лица и лицата со попреченост за време на КОВИД-19 и идни катастрофи“ е иницијатива во регионот на Западен Балкан, координирана од Црвениот крст на Србија и поддржана од Европската унија, Австриската агенција за развој и Австрискиот Црвен крст.
Во наредниот период продолжуваат да се реализираат бесплатените прегледи. Сите заинтересирани граѓани да се обратат кај Семра Бајрам или лично во просториите на „Сумнал“ во Топаана.