Квалитет на живеење

Подобрување на социјалниот статус на Ромите во општеството

1. Промоција на позитивни аспекти на ромската култура во насока на рушење на предрасудите и стереотипите во македонското општество
2. Активни социјални клубови – во општините Чаир и Шуто Оризари со активности за унапредување на социјалниот живот и положбата на старите лица, како и нивно поврзување и активирање во семејството и општеството во целина

    Креирање можности и услови за подобрување на економскиот статус на Ромите во Република Северна Македонија

    1. Подобрување на можностите за вработување на младите Роми
    – Унапредување на работните вештини и позицијата на пазарот на трудот на младите Роми преку обуки со цел доквалификација и преквалификација
    – Олеснување на положбата на пазарот на трудот и унапредување на можностите за вработување преку интензивна соработка со Агенцијата за вработување
    2. Унапредување на економската независност на ромската жена
    – Поддршка на унапредувањето на професионалните вештини на жените ромки преку професионални обуки;
    – Медијација при вработување во соработка со Агенцијата за вработување, приватни агенции за вработување и бизнис секторот;
    – Јакнење на капацитетите на жената Ромка за претприемнишки вештини и знаења за водење на сопствен бизнис;
    – Едукација и поттикнување на мали бизниси како инструмент за подобрување на економската положба на Ромите во Република Северна Македонија;