Градиме нови мостови преку уметност и култура – работилници за мозаик

Во рамките на проектот „Градиме нови мостови преку уметност и култура“ во март се одржаа нови активности.
На 28.03.2024 година во ООУ„Ѓорѓи Сугарев“ беа спроведени и следните 3 работилници за чие импементирање учесниците од ООУ„Даме Груев“ овојпат беа на гости кај учениците од ООУ „Ѓорѓи Сугарев“.

rpt

Уметноста што експресира креативност и уметничка вештина преку употреба на мали парчиња, обично стакло, керамика или камен, за да се создаде прекрасна композиција беше она што ги спои заедно во март учениците од двете основни училишта.
Учениците накратко се запознаа со историјата, видовите и техниките за создавање мозаик, а потоа и самите создаваа свои дизајни имитирајќи мозаици користејќи ја техниката колаж со хартија во боја и други слични материјали. Со нивниот талент и креативност, учениците создадоа прекрасни мозаици што ќе ги восхитат сите што ќе ги ги гледаат за време на изложбата која е планирана да се изведи на крајот од проектните активности во мај.


Активностите на проектот на крајот имаат за цел да доведат до зајакнување на капацитетите на младите од двете основни училишта низ етничката поделба за промовирање на меѓуетничкиот дијалог, граѓанските вредности и борбата против дискриминацијата преку активности и иницијативи засновани на уметност и култура. Имплементацијата продолжува и во наредните два месеци. Проектот е поддржан од Мисијата на ОБСЕ во Скопје преку нивниот Младински меѓукултурен уметнички фонд дел од проектот „Градиме нови мостови“.