
На 8 април 2026 година, на реновираниот стадион „Петар Милошевски“ под Тумбе Кафе во Битола, учесниците од проектот „Мостови на пријателство“ имаа можност да бидат дел од едно од најзначајните фудбалски дербија во земјата – натпреварот помеѓу ФК Пелистер и ФК Вардар.

Оваа активност беше реализирана во рамките на проектот „Мостови на пријателство“, кој има за цел да поттикне социјална инклузија, меѓусебно разбирање и градење на мостови помеѓу различни заедници преку заеднички искуства и активности.

За дел од учесниците, присуството на овој натпревар претставуваше нивно прво искуство од ваков тип. Атмосферата на стадионот, заедничкото навивање и споделената енергија создадоа незаборавни моменти исполнети со радост, возбуда и чувство на припадност.

Преку ваквите активности, проектот продолжува да создава простор каде различностите се препознаваат како вредност, а заедништвото се гради преку реални, доживеани искуства. Токму во вакви моменти се развиваат клучните вредности – доверба, солидарност и искрено пријателство.

Фотографиите од настанот се делумно преземени од порталот Bitola News.
Проектот „Мостови на пријателство“ финансиран од Националната агенција за европски програми и мобилност преку Европскиот солидарен корпус.

