
На 23 август 2024 година, во трговскиот центар REDI во Хелсинки, Финска, се одржа Меѓународна тркалезна маса како дел од проектот „ДИРА – Дигитална инклузија на возрасни Роми – Стекнување на знаења и вештини за користење на е-услуги“ која можеше да се следи и онлајн. Настанот се фокусираше на темата „Дигитална инклузија и еднаквост: Ромски малцинства и е-услуги во четири европски земји“.
Настанот започна со вовед од Mаарјана Тоивијаинен, проектниот координатор на организацијата домаќин, кој беше проследен од презентации на главните говорници.
Како прв говорник се истакна, Сашка Јовановиќ Фетахи, претседател на РОМНИ-АПС и координатор на Удружење градјана Ѓурѓевдан, која говореше за работата со ромските заедници во Италија и Србија. Таа ја нагласи важноста на образованието, здравството и социјалните услуги за Ромите.
Потоа, Викторија Михајловска, координатор на Здружението за развој на ромската заедница Сумнал, Северна Македонија, ги презентираше активностите и напорите на организацијата како партнер во проектот. Беше вклучен и видео материјал кој дополнително ги илустрираше проектните резултати. Видеото можете да го проследите на следниот линк https://www.youtube.com/watch?v=saRGlwSpl18&t=6s
Следеше видео презентација од Пјетарсаари, на која говореа тренерите кои ги спроведоа тренинзите со Ромите во Финска, понуди увид во локалните иницијативи и активностите кои се спроведуваат за поддршка на Ромските заедници заедно со резултатите и предизвиците при поддршката за стекнување дигитални вештини.
Анка Еначе, виш советник за човекови права на Фондацијата Диконес, продолжи со презентирање на резултатите од основната студија која беше изработена во рамаките на проектот. Таа во својата презентација се надоврза и на работата на фондацијата со Ромите мигранти во Финска, конкретно споделувајќи информации за предизвиците и успехот на програмите за поддршка на најранливите групи.
Андријана Боцевска, професор на Универзитетот Свети Климент Охридски Битола, даде препораки за политики за подобрување на дигиталната инклузија на ромските малцинства. Нејзиниот осврт на потребата од стратегии за поддршка на дигиталната писменост беше особено корисен.
За крај, Пија Ниилола, експерт за функционално дигитално секојдневие и професионален терапевт, го заврши настанот со презентација на актуелните трендови и решенија за подобрување на дигиталната инклузија.
По презентациите, се разви дискусија од која се извлекоа следните резултати и заклучоци:
1. Предизвици:
– Недостаток на ресурси и инфраструктура за е-услуги во ромските заедници.
– Потреба од дополнителни иницијативи за дигитална писменост и едукација.
2. Препораки:
– Развивање на специјализирани програми за обука и поддршка на дигиталните вештини.
– Подобрување на пристапот до е-услуги преку заеднички напори на локалните и меѓународните организации.
3. Активности:
– Планови за идни соработки и иницијативи за подобрување на дигиталната инклузија на ромските малцинства.
Настанот донесе значајни увидувања и предлози за идните активности на проектот ДИРА. Со заеднички напори, можеме да се стремиме кон поефикасна дигитална инклузија и еднаквост за ромските заедници во Европа. Изразуваме посебна благодарност до сите учесници, говорници и партнерски организации за нивниот придонес и поддршка. Снимката од настанот можете да ја проследите на следниот линк https://www.youtube.com/live/gMuFU8WtGQE

