На 6-ти март 2024 година, како дел од настанот „Три епизоди од историјата на жените“ кој се одржа по повод 8-ми Март, Денот на жената во битолската библиотека, тимот на „Сумнал“ вклучен во проектот „ „Ромски школи за феминизам и лидерство во Европа: обука на ромски тренери за вклучување на млади ромки“ направи дисеминација на активностите.

„Младите жени ромки се соочуваат со социјална исклученост на дневна основа, неможејќи да постигнат целосна инклузија, особено во многу делови на Европа. Уривањето на овие бариери бара специфична обука за лидерство, зајакнување и самодоверба, но во моментот нема училишта за тоа“, рече Викторија Михајловска, дел од тимот, која додаде дека проектот ќе се обиде да го реши тој проблем.


