Донација во ООУ„Ѓорѓи Сугарев“ – Битола

На 1 септември 2023 година, „Сумнал“, заедно со Ротари Клуб „Битола – Широк Сокак“ и Ротаракт Клуб „Битола – Широк Сокак“, собраните средства од продажбата на книгата ,,Мисловни Патеки” од нашиот ментор, професор, лидер и пријател, Нешат Аземовски, кој остави трага во писмена форма со неговите мудри мисли и животни поуки кои ги преточи во лист хартија, донира училишен прибор за првачињата во основното училиште ,,Ѓорѓи Сугарев”.
Благодарност до сите за донацијата, ние продолжуваме со акцијата доколку сакате да ја имате книгата.