
На 30 јануари 2026 година, во Хотел „Милениум“ – Битола, успешно се одржа завршниот настан на солидарниот проект „Ведро небо – здрави умови“, посветен на подигнување на јавната свест за квалитетот на воздухот, неговото влијание врз здравјето и значењето на користењето дигитални алатки за навремено и точно информирање.

Во рамки на настанот беше направен сеопфатен осврт на:
- контекстот и целите на проектот,
- реализираните проектни активности,
- креираната дигитална платформа како едукативен и информативен ресурс наменет за пошироката јавност.

Платформата е достапна на нашата веб страна преку табот истакнат на почетната страна или преку линкот https://sumnal.mk/platforma/
Со особено задоволство истакнуваме дека завршниот настан беше посетен од 60 учесници, бројка која значително ги надмина првичните очекувања и претставува јасен показател за актуелноста и важноста на темата поврзана со квалитетот на воздухот и јавното здравје.

Искрена благодарност упатуваме до учениците и професорите од СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“ и ООУ „Даме Груев“ – Битола, како и до сите учесници од локалната заедница, кои со своето присуство, интерес и активно вклучување придонесоа за успешна и инспиративна завршница на проектот.

Завршниот настан го заокружи целиот проектен процес, ја претстави дигиталната платформа и отвори простор за конструктивна дискусија и размена на мислења за понатамошна употреба, надградба и одржливост на креираните ресурси.
Продолжуваме со заедничка грижа за чист воздух и здрави умови.

Солидарниот проект „Ведро небо – здрави умови“ е финансиран од Националната агенција за европски програми и мобилност преку програмата Европски солидарен корпус на Европската Унија.
Содржината на оваа објава е одговорност на здружението Сумнал и не ги одразува нужно ставовите на Европската Унија.
