Нашата претседателка м-р Фатма Бајрам Аземовска беше една од панелистите на завршната конференција „ПРЕДИЗВИЦИ И ПЕРСПЕКТИВИ НА БАИР“ во рамки на проектот „БАИР-здружена акција на Битола за вклучување на Ромите“.

Нашето здружение и нашиот медијатор Ферзије Асаноска добија плаката во знак на благодарност за особен придонес во успешната имплементација на проекот „БАИР-здружена акција на Битола за вклучување на Ромите“.

Сакаме да изразиме најискрени благодарности за плакeтата и признанието што ни го го доделивте за нашиот придонес во успешната имплементација на проектот „БАИР-здружена акција на Битола за вклучување на Ромите“. Ова признание ни значи многу и не исполнува со голема радост и гордост.

Го цениме Вашиот труд и ангажман за поддршка на вклучувањето на Ромите и за изградба на подобра заедница за сите нас. Бидејќи знаете колку е важно да се поддржи вклучувањето и придонесот на секое лице во заедницата, вашето признание ни е дополнителна мотивација за продолжување со ангажманот и напорите за подобрување на нашето општество.
Се надеваме дека ќе продолжиме да соработуваме и да оствариме уште поголеми успеси во иднина.


