Зајакнување на отпорноста на постарите лица и лицата со попреченост

„Сумнал“ започнува да го реализира проектот „Зајакнување на отпорноста на постарите лица и лицата со попреченост“ за време на КОВИД-19 и идни катастрофи.
Цел на проектот е психосоцијална поддршка и зголемување на свеста на старите и хендикепираните лица преку едукативни предавања за важноста на менталното здравје и благосостојба.

Специфичните цели се:
– Мотивациски пристап кон справување со стресот и анксиозноста кај старите лица и лицата со посебни потреби преку организирање едукативни предавања;
– Зголемување на свеста за важноста на менталното здравје и благосостојба на старите и хендикепираните лица преку развивање на комуникациски вештини.
Проектот ќе се реализира Скопје и Битола, и е наменет:
– Осамени стари лица;
– Постари мажи и жени;
– Постари лица со намален слух;
– Домаќинства кои имаат неподвижни стари и инвалидни лица.

Проектот „Зајакнување на отпорноста на старите лица и лицата со попреченост за време на КОВИД-19 и идни катастрофи“ е иницијатива во регионот на Западен Балкан, координирана од Црвениот крст на Србија и поддржана од Европската унија, Австриската агенција за развој и Австрискиот Црвен крст.