
Во рамки на делот за зајакнување од обуките како мерки за подготовка за работа од проектот „Proceed Goes Practice“, се одржа информативна сесија за осигурување на живот како дополнителна активност на темата финансиска писменост.
На сесијата учествуваа Ирина Анѓелкова Ташовски и Виолета Велјановска од Uniqa осигурување, кои ги пренесоа своите знаења и практични искуства за важноста на осигурувањето како дел од одржливото финансиско планирање.

Оваа иницијатива има за цел да ја подигне свеста за финансиската писменост во ромските заедници, да ги едуцира членовите за значењето на личното и семејното финансиско обезбедување и да поттикне долгорочна стабилност преку применливи практични информации.
„Proceed Goes Practice“ е проект финансиран од програмата Еразмус+ на Европската Унија, чија главна цел е промовирање на социо-економската инклузија на ромските заедници преку премостување на јазот помеѓу образованието, стручната обука и вработувањето.

Преку активностите активно работиме на овозможување на подобри услови за финансиска писменост и поддршка на економското зајакнување на заедниците. Благодарни сме што имаме можност преку вакви настани да создадеме позитивни промени и нови можности за развој!
Финансиска писменост значи моќ да се планира иднината! Заедно градиме посветла и посигурна иднина.

