
Првата конференција за сеќавање, одговорност и препознатливост на Ромите- жртви на Холокаустот, со предметен фокус на жртвите на Холокаустот во Република Северна Македонија беше одржана на 25 јули 2019 година, во НУ Универзитетска Библиотека „Св. Климент Охридски“- Битола, со почеток во 11:00 часот. Конференцијата се реализираше во
рамките на проектот: „Психосоцијална поддршка и советување, социјален клуб и односи со јавноста на 100 преживеани Роми жртви на Холкаустот“, проект финансиран од ЕВЗ и поддржан од Сумнал- асоцијација за развој на Ромската заедница во Македонија и Универзитетската Библиотека „Св. Климент Охридски“- Битола.
Zборникот на трудови може да се прочита преку следниот линк zbornik-na-trudovi
