Врнежлив ден – но нашите корисници беа денеска многу активни. Освен бесплатните превентивни прегледи, имаа можност да слушнат многу нови важни информации од предавањето на м-р Михајло Костовски, консултант од областа на здравствена заштита и здравствено осигурување.

Од г-динот Костовски можеа да слушнат кои се бесплатни прегледи, на колку време можат да се користат и како да ги користат.

Му благодариме на г-динот Костовски за неговото предавање, посветеното време и неговата професионалост.


