Крај на солидарниот проект „Заедно посилни“

Минатата недела солидарниот проект „Заедно посилни“ дојде до својот крај.

Со овој проект успеавме да:
– воспоставиме социјален центар во просториите на Сумнал со цел да го подобриме социјалниот живот и социјалните интеракции на постарите Роми;
– спроведовме 3 социјални настани насочени кон Ромите и неромската поширока јавност;
– обезбедивме правни и социјални услуги и совети на корисниците;
– обезбедивме основни медицински консултации и споделивме информации со корисниците;
– го зголемивме општественото признание на постарите Роми.

Центарот ќе продолжи да функционира и во иднина со што проектните цели ќе добиваат поголема опфатеност и одржливост. Проектот го финансираше Националната агенција за европски програми и мобилност на Северна Македонија преку програмата Европски солидарен корпус на Европската унија.