Волонтери од Здружението за развој на ромската заедница „Сумнал“ учествуваа во младинската мобилност „Родов спектар“ што се случи во Рим, Италија од 08-15 јули 2021 година. Проектот е дел од програмата Еразмус + кофинансирана од Европската унија.
За време на оваа младинска мобилност, 25 млади од Италија, Северна Македонија, Чешка, Хрватска и Србија станаа посвесни за родовата дискриминација, стереотипите и различните улоги на мажите и жените во различни земји. Конечната цел беше да се подигне свеста, да се направи промена во гледиштето и да се поддржи и разбере индивидуалната одговорност, прведност и еднаквост против родовата дискриминација.

За време на локалните и меѓународните активности, беа обработени следните теми:
- Идентификување на родовите стереотипи кај младите луѓе кои пристигнуваат од различни земји;
- Дискусија за најчестите стереотипи и методите за промена;
- Идентификување на најретките стереотипи и испитување на нивните ефекти врз нашите животи;
- Презентирање на методите со кои овие стереотипи најлесно се надминуваат;
- Размена на мислења за родовите очекувања помеѓу момчињата и девојчињата;
- Учење да го прифатите гледиштето на другиот пол;
- Вежбање ефективни начини на соживот помеѓу момчиња-девојчиња, мажи-жени.
Овој проект им помогна на нашите волонтери од ромската заедница да ја подигнат свесноста за оваа тема и да ја шират кај нивните локални врсници и семејство, со што ќе направат промена и напредок кон разбивање на родовата дискриминација и стереотипи кои за жал сеуште нечујно преовладуваат, особено кај Ромите.
По враќањето, волонтерите заедно со нашиот претседател одржаа работилница за да го споделат своето знаење, искуство и да ги мотивираат другите млади Роми да учествуваат во активностите обезбедени од програмата Еразмус + и нашата невладина организација.


