Мотивација за нашите редовни членови

Едно од најпретпознатливите места во Скопје е Старата скопска чаршија. Така било во минатото, а така е и сега.
Нашата претседателка Фатма Бајрам Аземовска вели задолжително треба да се посети Старата скопска чаршија кога си во Скопје! Ова мало парче земја поплочено со калдрма, од Бит-пазар до Камени мост, од Кале до реката Серава, го собрало целиот дух на стариот град и атмосферата која во него владеела во златните години. После долгата прошетка може да се руча во преубавиот ресторан Mi Casa кој се наоѓа на тврдината Кале.
Посетата во Скопје е дел од мотивацијата на нашите редовни членови.