
На 25.11.2022 година канцеларијата на „Сумнал“ во Битола ја посети делегација од Националната агенција за европски програми и мобилност на Р. Северна Македонија, предводена од директорот м-р Марко Ѓорѓиевски.

За време на посетата нашата претседателка, Фатма Бајрам Аземовска, ги престави активностите од Еразмус + проектите што ги имплементира „Сумнал“, а потоа се разговараше за важноста на овие проекти и можностите што ги нудат програмите на Еразмус + и Европскиот солидарен копрус за ромската заедница.

На средбата беа присутни и корисници на нашите услуги од ромската заедница во Битола кои имаа можност да укажат на потребата од активностите кои ги нудиме со помош на спомнатите програми, како и да ја искажат својата благодарност.

На крајот, по повод дваесетгодишнината од постоењето на „Сумнал“, претседателката додели и плакета-благодарница на Националната агенција за европски програми и мобилност за посебен придонес кон интеграцијата на ромската заедница во нашето општество.


