
Желбата на наши сограѓани од населбата Баир да го посетат музејот беше исполнета.
Во соработка со Здружението за развој на ромската заедница „Сумнал“ реализиравме посета по повод Европски денови на културно наследство.

Долго разговаравме за нивниот однос кон културното наследство и традицијата.
Иако дел од нив потврдија дека никогаш не биле во музеј, помладите се сеќаваат на организирани посети од страна на нивните наставници.

Многу интересни сеќавања споделија со нас некои од повозрасните, кои учествувале во археолошки ископувања во Хераклеа, каде и ќе биде нашата следна средба.


