Посета на црквата Св. Димитриј во Битола

Во рамки на проектот „Градиме нови мостови преку уметноста и културата“ на ден 26.01.2024 година ја посетивме црквата „Св. Димитриј“ во Битола. На влезот не’ пречека протојереј Зоран Димовски.

Внатрешноста на црквата е богато разиграна со импозантни галерии на катот, резбан владичин трон, двокатен иконостас во плитка резба и амвон. Иконостасот потекнува од средината на XIX век и е изработен во плитка резба, а подоцна е гипсиран и позлатен.

Целта на посетата беше да се зголеми меѓусебното културно разбирање за религијата и обичаите на мнозинството со запознавање и со уметноста на резба претставена на иконостасот и иконописот претставен преку иконите на самиот иконостас и околу на ѕидовите. Во проектот како партнери се вклучени основните училишта „Ѓорѓи Сугарев“ и „Даме Груев“ од Битола. Им благодариме на протојерејот Зоран Димовски и на ликовниот уметник и иконописец г-дин Николче Српчански за нивните излагања.

Bo наредниот период ќе се посети католичката црква, Музејот и Археолошкиот локалитет „Хераклеа Линкестис“. Проектот „Градиме нови мостови преку уметноста и културата“ е финансиран од Мисијата на ОБСЕ во Скопје преку нивниот младински меѓукултурен уметнички фонд „Градиме нови мостови“.