Посета од претставници на Европска Банка и Министерството за животна средина на Република Северна Македонија

На 06.06.2023 година канцеларијата на „Сумнал“ во Битола беше посетена од претставници од Европска Банка и Министерството за животна средина на Република Северна Македонија. Целта на посетата беше да се запознаат со работата на нашата организација, а поконкретно со потребите на ромската заедница во однос на дополнително образование и обука со цел вклучување во обуки и практиканска работа. Исто така се разговараше и за идна соработка во ова поле.