Претприемништво за сите – E4ALL: Обука 1

На 30 и 31 август 2024 година, во хотел Милениум во Битола се одржа првата обука на иницијативата „Претприемништво за сите – E4ALL“. Вкупно 51 учесник, поделени во две групи, присуствуваа на оваа возбудлива и остроумна обука фокусирана на развивање на претприемачки вештини и креативност.

Модул 1: Вовед во претприемништво

Учесниците ги истражуваа основните концепти на претприемништвото преку теми како што се:

  • Претприемништво и видови на претприемништво
  • Иновации и претприемништво

Во текот на овој модул, учесниците научија да:

  • ги рзбираат основните принципи на претприемништвото;
  • го дефинираат претприемништвото како деловно поле;
  • ги идентификуваат и разликуваат различните видови на претприемништво со примери од реалниот свет;
  • го сфатат значењето на иновациите и да генерираат различни нивни форми;
  • се запознаат со актуелните трендови во претприемачкиот свет.

Модул 2: Генерирање идеи и препознавање можности

Во овој модул, учесниците нурнаа во креативноста и процесот на идентификување деловни можности преку темите:

  • Креативност и ослободување на креативноста
  • Евалуација и избор на идеи за започнување бизнис

Клучните резултати од учењето вклучуваат:

  • разбирање на факторите кои ја поттикнуваат креативноста;
  • развивање и практикување на креативни вештини;
  • идентификување на извори на нови можности;
  • примена на креативни техники за генерирање идеи;
  • совладување техники за оценување и избирање на најдобрите идеи за понатамошен развој.

Првата обука успешно ја постави основата за учесниците да го градат своето претприемачко патување.

Оваа иницијатива е поддржана од Американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД), организирана од „Здружение за развој на ромската заедница СУМНАЛ“ во рамки на Активноста на УСАИД за млади кои активно создаваат можности, имплементирана од организацијата Унапредување на економиите за посилни заедници, во партнерство со Младински образовен форум (МОФ) и Центарот за претприемачи и развој на менаџери (CEED Hub) Скопје.

Мислењата изразени на оваа веб страница им припаѓаат на авторите/„СУМНАЛ“ и не ги изразуваат ставовите на УСАИД или на Владата на Соединетите Американски Држави (САД).