Проект: ,,Пристап на Ромите до (само)вработување”

Проектот ,,Пристап до (само) вработување” има за цел да ги зголеми работните вештини на целната група за влез на пазарот на труд. Преку информирање и мотивација на целната група да учествува во проектните активности ќе се идентификуваат три групи на учесници:

  • Невработени лица
  • Лица кои активно бараат работа
  • Претприемачи и старт-апи бизниси  За сите нив се предвидени четири различни видови на обуки:
  • Обука низ работа/практиканство
  • Обуки за активно барање на работа и за комуникациски вештини
  • Обуки за претприемништво
  • Обуки за технички вештини Проектот е финансиран од ЕУ, а спроведувачи на овој проект се Македонската развојна фондација за претпријатија и локалната агенција за развој Струга во соработка со Здружението за развој на ромската заедница Сумнал.

За сите нив се предвидени четири различни видови на обуки:

  • Обука низ работа/практиканство
  • Обуки за активно барање на работа и за комуникациски вештини
  • Обуки за претприемништво
  • Обуки за технички вештини

Проектот е финансиран од ЕУ, а спроведувачи на овој проект се Македонската развојна фондација за претпријатија и локалната агенција за развој  Струга во соработка со Здружението за развој на ромската заедница Сумнал.

На 05 и 06 Јуни 2017 година во Хотел ,,Порта” во Аеродром, Скопје и во просториите на Сумнал, Скопје, на ден 28 и 29 Јуни 2017 од 09:00 до 17:00 часот се оддржаа вториот сет на обуки за наоѓање на работа и комуникациски вештини. По завршување на обуките лицата кои ги посетуваа овие обуки се стекнаа со сертификат.