Со гордост го претставуваме нашиот напредок во рамките на проектот „Proceed Goes Practice“, финансиран од програмата Еразмус+ на Европската Унија. Од септември 2024 година, успешно спроведуваме обукa за градинарски вештини наменетa за возрасни Роми. Овој иновативен пристап ги комбинира теоретските знаења и практичните активности, додека паралелно ја зајакнува самодовербата и развојот на личните вештини на учесниците.

Што опфаќа обуката?
- Основи на градинарството и еколошкото одгледување растенија;
- Управување со зелен простор и сезонски активности;
- Развивање на лични и професионални вештини за подобро позиционирање на пазарот на труд.
Практичниот дел ќе се реализира во локална фирма, каде што учесниците ќе имаат можност да стекнат реални искуства. Оваа активност не само што им овозможува на учесниците да ги унапредат своите способности, туку и да откријат нови професионални можности усогласени со нивните интереси и пазарните барања.

Зошто е важен овој проект?
„Proceed Goes Practice“ е дел од нашата посветеност за социо-економска инклузија, разбивање на стереотипите и создавање на одржливи патеки за вработување. Веруваме дека секој има право на еднакви можности за успех, а овој проект ја потврдува таа визија.
Обуката ќе продолжи до крајот на 2024 година, а ние со нетрпение го очекуваме следниот чекор кон поинклузивно општество.
Следете го проектот:
👉 mofedi.eu
👉 Фејсбук: @Proceed Goes Practice
Ајде заедно да создаваме поинклузивно утре! 🌟


