Промоција на алтернативен и еколошки транспорт во рамките на проектот „Ведро небо, здрави умови“

Во рамките на солидарниот проект „Ведро небо – здрави умови“, минатата недела беше реализирана едукативна и практична активност со учениците и професорите од СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“ – Битола, посветена на промоција на алтернативен и еколошки транспорт.

Заедно со учениците од заедницата, беше спроведена активност која ја истакна важноста на пешачењето и возењето велосипед како секојдневни избори што придонесуваат за намалување на загадувањето, унапредување на физичкото и менталното здравје и развивање на одговорен однос кон животната средина. Во таа насока, учесниците заеднички се упатија кон Градскиот парк, испраќајќи порака дека движењето, свежиот воздух и активниот начин на живот се клучни за здрава и одржлива заедница.

Искрена благодарност упатуваме до СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“ – Битола, до директорката Лидија Споа, како и до професорите Елена Дамчевска Јосифовска, Михајло Сиљанов и Никола Трајковски, за нивната вклученост, поддршка и посветеност во реализацијата на активноста. Посебна благодарност до директорката Лидија Споа за отвореноста и континуираната соработка која овозможува спроведување на вакви значајни иницијативи.

Солидарниот проект „Ведро небо – здрави умови“ е финансиран од Национална агенција за европски образовни програми и мобилност преку програмата Европски солидарен корпус на Европската Унија.

Содржината на оваа објава е одговорност на Здружението „Сумнал“ и не ги одразува нужно ставовите на Европската Унија.