
Интернационалниот ден на Ромите, 8-ми Април во едукатвините центри на „Сумнал“ во Скопје беше прославен со читања од книги со приказни објавени на македонски и ромски јазик.
Новообјавените македонски азбучни книги поддржани од Амбасадата на Велика Британија се во секојдневна употреба за да им помогнат на голем број деца да ги развијат своите вештини по македонски јазик кои им се потребни на училиште и пошироко.
Дечињата уживаат во забавниот текст и живописните илустрации кои помагаат да се направи пријатно учењето за читање.
Овие конкретни ресурсни материјали не се само за употреба со пракса фокусирана на деца во Сумнал. Целта е пошироко да се промовираат ресурсите и ефективните стратегии за читање во градинките и основните училишта, како и во библиотеките и образовните центри, со посебен фокус на поддршката на децата Роми.

