
Во рамки на проектот „Proceed Goes Practise (Процесот оди во пракса)“ на почетокот на месец декември 2023 година, се спроведе тест фаза на алатка за самооценување која ќе биде во онлајн верзија со 5 учесници од нашата заедница. Учесниците беа презадоволни од алатката бидејќи им даде многу одговори кои се однесуваат на нивната личност, врз основа нивните афинитетити и идните занимања што најмногу им одговараат.

Проектот „Proceed Goes Practise (Процесот оди во пракса)“ е финансиран од Европската унија преку Еразмус + програмата во областа на стручно образование и обука, а координатор е германската организација Југендстил.

