
На 27 декември 2025 година, во Хотел Милениум во Битола, се одржа работилница на тема дигитални алатки за следење на квалитетот на воздухот, во рамките на солидарниот проект „Ведро небо – здрави умови“.

Работилницата беше насочена кон запознавање на учесниците со современи дигитални платформи и алатки за следење на загаденоста на воздухот, нивната практична примена, како и значењето на навремените и точни информации за влијанието на квалитетот на воздухот врз физичкото и менталното здравје. Преку интерактивна дискусија и примери од пракса, учесниците стекнаа знаења за тоа како овие алатки можат да се користат во секојдневниот живот и во локални иницијативи за подигање на јавната свест.

Солидарниот проект „Ведро небо – здрави умови“ е финансиран од Национална агенција за европски програми и мобилност преку програмата Европски солидарен корпус на Европска Унија.
Содржината на оваа објава е одговорност на здружението Сумнал и не ги одразува нужно ставовите на Европската Унија.

