Работилница „НЕ за малолетнички бракови“ во СОУ „Таки Даскало“-Битола

На 29.11.2024 год. во просториите на СОУ „Таки Даскало“ – Битола се одржа работилница во рамки на проектот „НЕ за малолетнички бракови“. Целта на овој проект е да ја подигне свеста за негативните последици од малолетничките бракови и да поттикне превентивни мерки преку едукација и поддршка. Проектот се фокусира на создавање здрави и безбедни средини за младите, овозможувајќи им личен и образовен развој.

Малолетничките бракови претставуваат глобален социјален и правен проблем кој сериозно влијае врз здравјето, образованието и иднината на младите. Преку вакви активности, проектот придонесува за градење на општество во кое младите можат да се развиваат без пречки и ограничувања, да ја градат својата иднина и да ги остваруваат своите потенцијали. Настанот беше одлична можност за присутните да ја изразат својата поддршка за иницијативата и да разменат ставови за можни решенија и активности кои ќе помогнат во надминување на овој предизвик.

Проектот е финансиран од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, преку програмата на Европскиот солидарен корпус на Европската Унија. Здружението за развој на ромската заедница „Сумнал“ преку реализацијата на овој проект продолжува со својот долгогодишен ангажман за подобрување на положбата на младите во заедницата.

🙏 Голема благодарност до панелистите кои го збогатија овој настан: д-р Михајло Вангелов, гинеколог, Мирјана Стојановска Недановска, началник на Отсекот за превенција при СВР Битола, Ките Трајковски, самостоен инспектор во Отсекот за превенција – СВР Битола, Марија Младеновска-Димитровска, психолог во СОУ „Таки Даскало“ – Битола, Елизабета Талеска, педагог и Весна Симјановска, психолог, од Центарот за социјални работи – Битола. Модератор на настанот: Елена Ѓ. Костадиновиќ. Заедно можеме да создадеме подобра и побезбедна иднина за младите! 🌟 #Незамалолетничкибракови #Образование #ПоддршкаНаМладите #Сумнал