Во модерното општество, менструацијата често се смета за табу тема. Истражувањето на здружението „Новинари за човекови права“ покажа дека во периодот на месечен циклус, дури 90% од ученичките во руралните средини не одат на училиште 4 до 5 дена во месецот, а 75% од ученичките во урбаните средини изостануваат 2 до 3 дена месечно. Алармантно е што 15% од испитаниците не користат никакви хигиенски средства за време на месечниот циклус. Ова укажува дека треба да направиме нешто за да се промени оваа состојба.

Деновиве со здружението „Новинари за човекови права“ и донацијата од ДМ маркети ќе поделиме влошки за 100 девојчиња и ќе започнеме со работилници за да зборуваме за овие табу теми.

Со донацијата и работилниците сакаме да нагласиме дека образованието и отвореноста се клучни за надминување на табуата и стигмите поврзани со менструацијата.

Ова е наш начин да придонесеме кон подобро општество за сите нас, подигнувајќи свеста и поддржувајќи младите да се чувствуваат сигурно и информирано.

