
На 10 ноември 2024 година, во рамките на проектот „Силата на заедницата: против булингот за поддршка и припаѓање,“ се одржа еднодневна обука за подкаст, наменета за млади врснички едукатори и ментори. Обуката имаше за цел да ги подготви учесниците да ги користат подкастите како ефикасна алатка за справување со булингот, со што би се овозможила подобра комуникација и поддршка во нивните заедници.

Во текот на обуката, учесниците се запознаа со основните принципи на продукција на подкаст, од идеја до реализација. Преку детална презентација, младите научија техники за креирање и уредување аудиосодржина, со акцент на ефективната комуникација и ангажирање на публиката. Ваквиот начин на изразување им овозможува да пренесат важни пораки за превенција на булингот и да поттикнат емпатија и поддршка во нивните училишта и заедници.

Проектот е наменет за зајакнување на младите како активни учесници во создавањето инклузивна средина, во која секој ќе се чувствува прифатено и поддржано.

Оваа публикација е подготвена во рамки на субгрантот „Силата на заедницата: против булингот за поддршка и припаѓање“ од страна на Здружението за развој на ромската заедница „Сумнал“ во рамки на Проектот на УСАИД за инклузија на Ромите имплементиран од Институтот за истражување и анализа на политики – Ромалитико со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД).
Мислењата изразени во оваа публикација/ ова видео, им припагаат на авторите и не ги изразуваат ставовите на Институтот за истражување и анализа на политики – Ромалитико, Агенцијата на САД за меѓународен развој или на Владата на Соединетите Американски држави.

