На 18 декември 2024 година, во просториите на СОУ „Таки Даскало“ – Битола, се одржа работилница за подигнување на свеста против врсничкото насилство со млади врснички едукатори и ментори.
На работилницата учествуваа;
- Ките Трајковски, самостоен инспектор во Отсекот за превенција при СВР Битола;
- Каролина Димеска, самостоен инспектор во Отсекот за превенција при СВР Битола;
- м-р Марија Младеновска-Димитровска, психолог во СОУ „Таки Даскало“ – Битола и магистер на клиничка и советодавна психологија;
- Наташа Бекирова, психолог и семеен терапевт под супервизија од Здружението за психосоцијална поддршка и истражувања „Одраз“ – Битола;
- Марија Ковачевска, психолог во ОУ „Ѓорѓи Сугарев“ – Битола.
Во текот на работилницата, присутните дискутираа за важноста на самодовербата како основа за справување со булингот. Беше нагласено дека самодовербата помага младите да развијат отпорност, да ги препознаат знаците на булинг и активно да се спротивстават на неговите негативни последици. На оваа работилница беа презентирани практични совети и стратегии за создавање на поддржувачка средина, која ќе овозможи младите да се чувствуваат прифатени и охрабрени да се борат против булингот. #Ромалитико #УСАИД #Роми #противбулинг #работилница #врсничкиедукатори #самодоверба
Субгрантот „ Силата на заедницата: против булингот за поддршка и припаѓање “ е дел од Проектот на УСАИД за инклузија на Ромите имплементиран од Институтот за истражување и анализа на политики – Ромалитико со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД).

