Лицата од трето доба се лица на кои им е потребна комуникација со останати луѓе на нивна возраст. Преку комуникација тие ги вежбаат своите лингвистички и комуникациски способности, но во исто време ја оддржуваат и својата когниција.

Ние во нашата организација во Скопје и Битола, организираме групни и индивидуални активности за нашите корисници.

Како дел од групните или индивидуалните активности е читање книги и весници. На нашите корисници им се чита книга или пак се разгледува и чита актуелниот тековен весник. Се споделуваат искуства околу некоја книга, текст или статија.

Со оваа активност се оддржува когницијата кај лицата од трето доба. Дел од корисниците и плетаат.

Активностите се дел од проектот „Зајакнување на отпорноста на старите лица и лицата со попреченост за време на КОВИД-19 и идни катастрофи“ е иницијатива во регионот на Западен Балкан, координирана од Црвениот крст на Србија и поддржана од Европската унија, Австриската агенција за развој и Австрискиот Црвен крст.

