Во изминатиот период преку работата со нашите корисници од солидарниот проект „Заедно посилни“ кој е финансиран од Националната агенција за европски програми и мобилност преку програмата на Европскиот солидарен корпус од Европската Унија, успеавме да откриеме многу потреби за нив и членовите на нивните семејства.


Благодарение на донациите што ги добивме од страна на наши великодушни сограѓани, успеавме да излеземе во пресрет на поголемиот дел од потребите.

Им благодариме на тие што донираа и ни помагаа да ги направиме среќни дечињата и другите членовите на овие семејства.


