
На 27 март 2026 година се одржа значајна и продуктивна средба со Амбасадорот на Република Северна Македонија во Шпанија, г-дин Едмонд Адеми.
Средбата беше реализирана во рамки на проектот „Гласот на боите: културна размена и афирмација на ромската уметност по повод Светскиот ден на Ромите“. Проектот е избран на Годишниот конкурс за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2026 година, во областа на меѓународната дејност, и е поддржан од Министерството за култура и туризам на Република Северна Македонија.
За време на средбата се разговараше за унапредување на културната соработка, поддршка на ромската уметност, како и за афирмација на македонската култура на меѓународната сцена.
Воедно, со особено задоволство, Амбасадорот беше поканет да присуствува на настанот:
„La Voz de los Colores – Гласот на боите“
Изразуваме искрена благодарност за отвореноста, поддршката и подготвеноста за соработка.
Веруваме дека оваа средба претставува важен чекор кон зајакнување на културната размена и градење нови мостови на соработка помеѓу Северна Македонија и Шпанија.

