“СУМНАЛ“ ДЕЛ ОД САЕМОТ ЗА ВОЛОНТЕРИЗАМ 2022

На 7-ми декември во Фоајето на Центар за Култура – Битола, Американското Катче – Битола во соработка со Локалниот Совет за Волонтеризам, по шести пат го организира Саемот за Волонтеризам 2022.
Саемот беше отворен за сите, а особено ги поттикнавме да не посетат сите средношколци, студенти и млади професионалци кои се запознаа со актуелните волонтерски можности во Битола, регионот и Европа.
Саемот за Волонтеризам 2022 претстави 11 невладини организации од Битола и регионот,меѓу кои и „Сумнал“, како и работата на локалните волонтерски клубови, кои ги презентираа своите волонтерски можности и кои ги споделија нивните успешни приказни и проекти на околу 350 ученици и студенти.
– Волонтирај, но пред се информирај се!