
Преставници од здружението за развој на ромската заедница „Сумнал“ од 4 до 8 октомври 2022 година учестуваа на состанок во Плауен, Германија во рамки на проектот „Proceed Goes Practise“. Партнерите од Германија, Бугарија, Грција, Унгарија, Северна Македонија, Романија и Србија се договорија за сите процедури и услови за 30-месечната имплементација на проектот.

Цели на проектот се:
* Професионална ориентација на младите Роми
* Подготовка за работа на возрасни Роми
* Информирање и сензибилизација на работодавачите.

Во рамки на посетата, имавме можност да посетиме училиште за продуктивно учење. Можност децата што не можат да завршат основно училиште да завршат овде и после да почнат стручно образование и обука да научат занает. Во текот на неделата, три пати учат занает во фирми со пола работно време, другите два дена учат практично преку експерименти, работилници, тематски интерактивни предавања и дискусии.

Проектот е финансиран од програмата Ерасмус плус, координатор на проектот е германската организација JugendStil e.V.

