Тренинг на тема „Чекориме заедно со Синтите и Ромите“

 

Членови на Здружението за развој на ромската зедница „Сумнал“ беа дел од тренинг на тема „Чекориме заедно со Ромите и Синтите“ кој се одржа од 25 ноември до 2 декември во Рим, Италија. Целта беше да се поддржи еден од приоритетите на програмата Еразмус +: вклучување и различност, со акцент на намалување на степенот на диспаритет во сите полиња, вклучително и родовото.

Поради оваа причина, тренингот ги имаше следните специфични цели:

  • сексизам во ромските заедници (три главни теми: семејно насилство, ран брак и здравствена едукација на жените);
  • методи за спречување и борба против сексизмот во заедниците;
  • методи за подигање на свеста на заедниците на Ромите и Синтите;
  • промоција на инклузија на луѓе со помалку можности;

  • зајакнување и развивање на вештините на младинските работници за да им се овозможи да ги едуцираат младите за успешна борба против дискриминацијата, стереотипите и сексизмот;
  • унапредување на родовата еднаквост;
  • подобрена интеркултурна свест;
  • промоција на поголемо активно учество во општеството на младинските работници Роми и Синти;
  • зголемување на мотивацијата за учество во идно образование или обука по периодот на мобилност во странство;

  • подобрување на јазичните вештини (со акцент на англискиот јазик);
  • активно вклучување на младите со помалку можности;
  • промоција и зајакнување на соработката помеѓу организациите и локалните актери за размена на добри практики и знаења за промовирање на одржливи пристапи и алатки за работа против сексизмот во рамките на заедниците на Ромите и Синтите, земајќи ги предвид потребите на заедниците.

На тренингот учествуваа вкупно 20 учесници од Италија, Северна Македонија, Хрватска, Србија, Бугарија и Република Чешка. Проектот го координира италијанската организација ROWNI APS, а го финансира италијанската национална агенција преку Еразмус + програмата на Европската Унија.“