Учество на европска конференција во Халандри, Грција

„Грижа за здравјето на Ромите 2 оди во Европа“
На 14 јули 2023 година, проектниот конзорциум ја спроведе Европската конференција „Грижа за здравјето на Ромите 2 оди во Европа“ во Халандри, Грција.
Околу 90 учесници од 10 земји беа сеопфатно информирани за активностите и резултатите од нашиот проект и за тековните планови на партнерите за негово следење.
Конкретни резултати се:
* Обука на ромски здравствени медијатори врз основа на акредитирана наставната програма (ИР1) како мерка за образование на возрасни од страна на Институтот за образование на возрасни на Универзитетот во Сегед, Унгарија.
* Прирачник за ромските здравствени медијатори (ИР2).
* Локални здравствени акциски планови спроведени од вклучените општини и модел здравствен акциски план за европски трансфер (ИР3).
* Концепт за проекти за мобилност (ИР4) – Ромите од други земји можат да се едуцираат како здравствени медијатори.
* Вкупно 20 лица (од нив 10 Роми) од земјите партнери се едуцираа како ромски здравствени медијатори, од кои 8 се сертифицирани ромски здравствени медијатори.
* Обучени се 100 мултипликатори кои ја поддржуваат работата на ромските здравствени медијатори.
* Ромските здравствени образовни центри во Софија, Халандри, Меликут, Битола и Бузау беа отворени помеѓу септември и декември 2022 година.
М-р Фатма Бајрам Аземовска, претседателката на „Сумнал“, горда со сертифицираните ромски здравствени медијатори Мелиса Комина и Ферзије Асаноска и координаторката Викторија Михајловска. Честитки за успешната работа.
Проектот е финансиран од програмата ЕРАЗМУС+ на Европската Унија.
Исто така,  м-р Фатма Бајрам Аземовска, претседателката на „Сумнал“, имаше средба во Халандри, Грција со Министерот и национална контакт точка за Роми во Грција, г-дин Јоргос Стаматис, поранешен генерален секретар за социјална солидарност и борба против сиромаштијата и г-дин Елвис Мемети – Советник за инклузија на Ромите во кабинетот на премиерот на Република Северна Македонија.