Учество на настанот „Кафе со амбасадори“

На 28 април 2026 година, претставници на Здружението за развој на ромската заедница „Сумнал“ – Битола присуствуваа на настанот „Кафе со амбасадори“, посветен на темата „Човекови права, култура, разновидност и идентитет“.

Настанот овозможи инспиративна и отворена дискусија со амбасадорот на Австрија, Мартин Памер, и заменик-шефот на мисијата на Полска, Ана Каспрзак, за важни општествени прашања, европските вредности, човековите права и значењето на културната разновидност и инклузијата.

Присутните имаа можност да разменат мислења, искуства и идеи за унапредување на меѓукултурниот дијалог и градење поинклузивно општество.

Упатуваме благодарност до Europe House за организацијата на настанот и за можноста да бидеме дел од ваков значаен дијалог.