Нашиот центар секојдневно e посетуван од страна на нашите корисници. Тие многу се задоволни од услугите кои ги нудиме и потребите кои им ги задоволуваме.
Нашите секојдневни активности опфаќаат:
– мерење на шеќер и крвен притисок;
-кафе-разговор за нивните потреби, интереси и предизвици со кои се соочуваат;
-меѓусебни дружби и споделување на убави искуства;

-советување и помагање за различни проблеми со кои се соочуваат во соодветниот живот;

– занимавање на нивните внуци и деца со игровни и едукативни активности од страна на нашите волонтери за време на активностите;
– работилници за едуцирање како порационално и поедноставно да ги користат социјалните мрежи и телефонските апликации.
Сите овие активности ги спороведуваме преку нашиот солидарен проект „Заедно посилни“, а корисниците имаат голема корист од дружењето и размената на позитивна енергија. Проектот е финансиран од Националната агенција за европски програми и мобилност преку програмата на Европскиот солидарен корпус на Европската Унија

