Секојдневните активности во нашиот центар се одвиваа и во изминатиот период. Нашите корисници се задоволни и благодарни за понудените активности:
-кафе-разговор за нивните потреби, интереси и предизвици со кои се соочуваат;

-меѓусебни дружби и споделување на убави искуства;

-советување и помагање за различни проблеми со кои се соочуваат во соодветниот живот;
– споделување на рецепти за домашни јадења, како и заедничко јадење на подготвениот рецепт во нашиот центар од страна на нашите кориснички Сабире и Азире и им се заблагодаруваме;



– работилници за едуцирање како порационално и поедноставно да ги користат социјалните мрежи и телефонските апликации.


Сите овие активности ги спороведуваме преку нашиот солидарен проект „Заедно посилни“, а корисниците имаат голема корист од дружењето и размената на позитивна енергија. Проектот е финансиран од Националната агенција за европски програми и мобилност преку програмата на Европскиот солидарен корпус на Европската Унија

