
На 8ми Април се одбележува Меѓународниот ден на Ромите, кој придонесува за подигнување на свесноста и потсетува на долгогодишната борба за подобар и подостоинствен живот на оваа група луѓе.

Ромите во Македонија се најранлива етничка заедница, која се соочува со дискриминација во речиси сите сфери на општественото делување.

Ние во Скопје го одбележивме со прекрасна драма, во која ги прикажавме успесите на ромите низ историјата.
Нека им е честит празникот на сите Роми низ светот.



