Воведен семинар „Традиционално ваши…“

Од 13-19 февруари во Крушево, членови на „Сумнал“ беа дел од воведниот семинар „Традиционално ваши…“ организиран од Влашкиот младински совет на Македонија во соработка со „Млади од европски националности“ (YEN).
За време на семинарот нашите членови имаа можност да запознаат млади од други европски националности, нивните традиции и култури, да се запознаат со влашката традиција и култура, но и да ја споделат ромската и македонската традиција и култура.
Минатата недела се одржа и велигденскиот семинар „Се е околу вас“ во Оберварт, Австрија. И овојпат „Сумнал“ имаше свои претставници за чие искуство ќе следуваат нови информации.