Поддршката во образованието на ромските деца отсекогаш била приоритет на Здружението за развој на ромската заедница „Сумнал”.

Нашата соработка со основното училиште „Ѓорѓи Сугарев” од Битола е долгогодишна и постојана. Ние сме сложни партнери во целта – што повеќе ромски деца успешно да го завршат образованието. Така и оваа мала донација ја има таа цел – да им го олесни и збогати процесот на едукација и работа на учениците и наставниците.


