Семра со нашите најредовни корисници чичко Баки, Себадин и Шаип читаат книга.
Зошто се решија да читаат книга?

Додека врне, обично луѓето немаат желба да излегуваат, но затоа пак во затворен простор го прават она што најмногу го сакаат. Звукот на дожд ги смирува, па полесно им е да читаат книга или да се релаксираат со кафе или чај.

Покрај тоа, многу луѓе го поврзуваат мирисот на дождот со позитивни мисли и сеќавања од минатото. Интензивниот и суптилен мирис ве враќа во време кога сте биле на топло и сигурно.

Активностите се дел од проектот „Зајакнување на отпорноста на старите лица и лицата со попреченост за време на КОВИД-19 и идни катастрофи“ кој е иницијатива во регионот на Западен Балкан, координирана од Црвениот крст на Србија и поддржана од Европската унија, Австриската агенција за развој и Австрискиот Црвен крст.


