Работилница на тема „Запознавање со Weеbly“

Во рамки на солидарниот проект „Намалување на дигиталната сиромаштија“ на ден 29.09.2023 година се одржа рботилница на тема „Запознавање со Weеbly“.
Учесниците се запознаа со основните елементи кои треба да ги содржи една веб страна, но и со начините на кои може да се направи истата. Се задржавме повеќе на платформи кои користат drag and drop функција за креирање на веб страни, поточно платформата Weebly, која е креирана во 2007 година и истата помогнала во креирање на над 310.000 страни за компании и лично користење.
Учесниците се запознаа како се креира акаунт на Weebly, како се прави страна, како се избира стил и темплејт и ги поминавме сите функции на самото креирање.
Исто така учесниците имаа можност за слушнат за domain на една страна и како можат веќе креираната страна да ја споделуваат со други.
Проектот: „Намалување на дигиталната сиромаштија“, е финансиран од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност преку програмата Европски солидарен корпус на ЕУ.