Градиме нови мостови преку уметност и култура

 

Од октомври 2023 година, Здружението за развој на ромската заедница „Сумнал“ започна со имплементација на работилниците во рамките на проектот „Градиме нови мостови преку уметноста и културата“ финансиран од Мисијата на ОБСЕ во Скопје преку нивниот младински меѓукултурен уметнички фонд „Градиме нови мостови“.

Општата цел на нашиот проект е да се зајакне капацитетот на младите на возраст од 13-15 години низ етничката поделба за промовирање на меѓуетничкиот дијалог, граѓанските вредности и борбата против дискриминацијата преку активности и иницијативи засновани на уметност и култура. Поточно, сакаме да:

– ги зајакнеме меѓуетничките односи и соработката меѓу младите на возраст од 13-15 години од различно културно потекло преку заеднички активности;

– го зголемиме меѓусебното почитување и борба против етничките стереотипи и предрасуди преку развивање чувство за заедница и припадност;

– ја подигнеме свеста за важноста на граѓанското учество како алатка за интеграција;

– ја промовирање на уметноста како медиум за меѓукултурна комуникација и меѓусебно разбирање.

 

За да ги достигнеме нашите цели, ќе спроведеме 13 работилници со различни уметнички техники, ќе спроведеме 4 посети на верски и културни објекти, ќе создадеме ѕид со графити со порака за меѓусебно разбирање мир, толеранција и љубов и ќе направиме изложба на создадените уметнички дела.

Првите 2 работилници веќе беа имплементирани на 13 октомври 2023 година во основното училиште „Даме Груев“ и на 24 октомври 2023 година во основното училиште „Ѓорѓи Сугарев“ во Битола. Темата на работилниците беше за графити уметноста кои резултираа со создавање калиграфити. Тие вклучуваа краток вовед поврзан со историјата, видовите и техниките за создавање графити и работа на креирање калиграфити поединечно. За време на првите работилници, младите учесници Роми и не-Роми можеа да се запознаат меѓусебно за прв пат.

Ова се првите активности кои ќе доведат до зајакнување на капацитетите на младите од двете основни училишта низ етничката поделба за промовирање на меѓуетничкиот дијалог, граѓанските вредности и борбата против дискриминацијата преку активности и иницијативи засновани на уметност и култура.

Им благодариме на основните училишта „Даме Груев“ и „Ѓорѓи Сугарев“ за одличната соработка, како и на Мисијата на ОБСЕ во Скопје за дадената можност да го имплементираме проектот.