Proceed Goes Practice – активности од четвртиот квартал

Сумнал и во изминатиот период продолжи да имплементира активности од проектот „Proceed Goes Practice”.

Позавршувањето на делот со професионалната ориентација на младите Роми, се премина на следните активности кои опфаќаат подготовка на наставна програма за градинарство и молерисување во полето на стручно образование и обука.

Со цел да се утврди процесот на акредитација на програмите, тимот на „Сумнал“ на 22.09.2023 година, оствари средба со претставник од Центарот за образование на возрасни.

 

 

Исто така, се одржа и состанок со Агенцијата за вработување во Битола, а се изведе и истражување на фирмите каде обучените учесници би посетувале практична обука и/или би се вработиле.

Проектот е финансиран преку Еразмус + програмата на Европската унија, а го координира германската организација Југендстил.